Збирен транспорт

Збирниот транспорт претставува економичен начин за транспорт на стока помеѓу дестинации.

Збирниот транспорт претставува консолидација на повеќе пратки за една локација во еден камион. Овој начин е навистина економичен, бидејќи на овој начин клиентите плаќаат само за местото кое им е потребно, наместо за целиот камион. 

Кога траба да користам услуга за збирен транспорт? 

Ние го препорачуваме овој метод за клиенти кои имаат пратки до 2 тони или кога волуменот на пратките е помал од 10 м³. Од наше искуство, малите и средните претпријатија со неколку мали пратки имаат бенефит од користењето на збирниот транспорт.  

Кои земји ги покрива збирниот транспорт? 

Ние работиме со редовни нделни линии од и до Европа, што ги вклучува следните земји: Германија, Велика Британија, Италија, Шпанија, Полска, Унгарија, Бугарија, Бенелукс, Романија, Литванија, Латвија, Естонија, Албанија и Косово. 

Колку долго трае? 

Должината на времето за испорака зависи од линијата за транспорт и од различни фактори кои можат да влијаат врз времето. Нашата широка мрежа на услуги за збирен транспорт нуди точни денови за поаѓање и брзо транзитно време низ Европа. Деталите за специфични земји можете да ги дознаете доколку испратите барање.  

Како ова фунционира?

Ние ќе организираме пратката да биде превземена и транспортирана до склад за консолидација во Скопје. Пратката потоа е консолидирана и транспортирана до нејзината дестинација во Европа; и потоа истата е складирана во стратешки лоциран магацин. Од тука пратката се претоварува и се носи локално до крајната дестинација – најчесто оваа постапка се завршува за 24 часа.

This site uses cookies to provide you with a more responsive and personalised service. By using this site you agree to our use of cookies as set out in our Privacy & Cookie notice.

Confirm